Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студот го наполни пунктот за бездомници,под ризик се и ранливите групи

0
By Менче Атанасова Точи on January 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2017 15:17

Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин поток бил максимално исполнет измината ноќ,  кога температурите се спуштија на 28 степени под нулата. Сите 16 кревети со кои располага овој сместувачки објект биле пополнети во стационарниот дел.

„Бездомниците знаат каде да се обратат. Пунктот функционира 24 часа, располага со 16 кревети со можност да се примат и 20 бездомници одеднаш. Просторот се затоплува на струја, има два тоалета и туш кабина. Бездомниците најчесто доаѓаат навечер после 17 часот за да преноќат, а преку ден излегуваат“, изјави за НОВА Драгана Лазаревска координатор на пунктот за бездомници.

Утрото на Божиќ од студот ја зема и првата жртва, почина Јордан Трајковски, бездомник од Скопје. Случајот во полицијата го пријавил неговиот  пријател, исто така бездномик. Лазаревска  вели дека не и познат бездомникот Трајковски. Тој не доаѓал во пунктот досега, ниту за храна, ниту за преноќување.

Тоа значи дека се уште има луѓе кои спијат надвор на студот. Затоа од Црвениот крст апелираат до граѓаните доколку забележат некој бездомник да пријават во Дирекцијата на Црвениот крст на телефонскиот број  023139-578 или на мобилниот телефон 071 733 171, за да може да биде сместен во топла просторија. Во Пунктот велат дека располагаат со лекови против висока температура и антибиотици, а освен за грип досега немале потреба да побараат лекарска помош за посериозни здравствени проблеми кај згрижените бездомници.

Ноќеска беа измерени екстремно ниски температури во Македонија. Според УХМР во Берово е измерена температура од -28 °C, во Битола -25 °C, Маврово -24 °C, Лазарополе -23 °C, Крива Паланка -23 °C, Тетово -22 °C, Крушево -21 °C, Скопје Петровец, Штип и Виница -20 °C, Куманово, Ѓуриште, Тополчани -19 °C, Струмица -18 °C, Демир Капија -17 °C, Охрид -16 °C, Претор -16 °C, Дебар -15 °C, Дојран -12 и Гевгелија -10 °C.

Поради влијанието на поларниот бран од Центарот за јавно здрваје предупредуваат ранливите категории да не се изложуваат на студеното време поради ризикот по нивното здравје. Предупредувањата се однесуваат на бездомниците и социјално загрозените лица кои не можат да си дозволат адекватно затоплување на нивните домови, старите лица кои се под ризик врз нивното здравје како резултат на ниските температури поради нивниот побавен метаболизам, како и намалената подвижност. Особено под ризик се старите лица кои живеат сами, кои се неподвижни, неадекватно се исхрануваат и примаат лекови кои допринесуваат за отежната терморегулација.

Под особен ризик се и  новороденчињата кои можат да развијат хипотермија многу побрзо како резултат на малата големина на нивното тело и поголемата загуба на топлина, како и помалата способност за продукција на топлина. Респираторниот систем кај децата е повеќе осетлив на влијанието на надворешните температури и кај нив се почести заболувањата на респираторниот систем. Децата кои имаат и придружни заболувања како астма се под зголемен ризик за настанување на последици од ладното време, велат лекарите од Центарот за јавно здравје.

Под ризик се и работниците кои работат во надворешни средини, во градежништво, шумарство кои се под опасност од здобивање на здравствени последици како резултат на екстремно ниски температури. Треба да внимаваат и хроничните болни, односно медицинските состојби кои можат да предизвикаат хипотермија се ендокрините заболувања како на пример хипотиреоидизам, хипопитуиризам, хипоадренализам, некои повреди на главата, дијабетес. Луѓето со физичка попреченост поради намалената подвижност се исто така под зголемен ризик од здравствени последици. Лекарите предупредуваат дека ладното време го зголемува крвниот притисок со што се зголемува ризикот за појава на срцеви и мозочни удари, а кај луѓето со респираторни заболувања студеното време ја намалува функцијата на белите дробови и може да ја активира бронхијалната астма.

И покрај ова надлежните издадоа препораки со кои во наредните два дена им се налага на работодавците од работа да ги ослободат само бремените жени и хроничните болни кои се над 60 годишна возраст.

бездомници ранливи групи студ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.