Доналд Трамп на Твитер ја нападна актерката Мерил Стрип која синоќа остро го критикуваше новиот претседател на доделувањето на Голден Глоуб наградите.
Трамп ја нарече Стрип “марионета” на Хилари Клинтон, демократската противничка на Трамп на претседателските избори.
“Мерил Стрип е една од најпреценетите актерки на Холивуд, не ме познава а ме нападна синоќа на Голден Глоуб”, твитна Трамп утринава. Потоа додаде дека таа е “марионета на Хилари која загуби многу”.
Стрип, добитник на три Оскари, синоќа во својот говор на ироничен начин зборуваше за актуелната политичка ситуација во САД. За неа, како што рече, најуспешната “претстава” на годината е онаа на Трамп кога тој јавно имитираше еден новинар, Серж Ковалески, од Њујорк Тајмс кој има болест која ги органичува движењата на неговите раце.
За Стрип овој начин на изразување “им дозволува на другите да го прават истото”, “непочитувањето носи непочитување” а “насилството предизвкува насилство”, рече таа.
“Сите сме губитници кога моќните ја злоупотребуваат нивната функција за да ги напаѓаат другите”, изјави таа.
Трамп на Твитер рече дека никогаш не се подбивал со хендикепиран новинар и тврди дека медиумите се нечесни.
Потоа се појави и Келијан Конвеј, советничката на Трамп, која на Фокс Њуз рече дека актерката “ги буди најлошите чувства кај луѓето”. И рече дека изненадена што Стрип не врескала вака кога едно ментално болно момче било мачено на Фејсбук со пренос во живо од страна на 4 црни млади возрасни кои извикувале расистички и анти-Трамп навреди.
Говорот на Мерил Стрип можете да го погледнете тука.




