Контроверзниот американски пастор Тери Џонс најави преку социјалните мрежи спалување на 2.988 примероци на Куранот, на 11 септември оваа година во американскиот град Тампа, јави Анадолија.
На Фејсбук профилот на пасторот Џонс е наведено дека настанот на спалување на примероци од Куранот ќе биде организиран во Западна Тампа.
– Се уште не ја знаеме локацијата, на која тоа ќе се организира, но веројатно е дека ќе биде некаде во Тампа, изјави Стефани Сап, портпарол на организацијата „Стани Америко“, која го поддржува Џонс.
Пасторот нагласи дека ќе спали 2.998 примероци од Куранот, што е еднакво на бројот на жртвите во нападите на САД во 2001 година, пренесува МИА.
Пасторот Џонс во досегашните изјави за медиумите тврдеше дека исламот е најопасната закана за националната безбедност на САД.
Тој на светската јавност и е познат по јавното спалување на Куранот на десетгодишнината од терористичките напади од 11 септември.