Ако сакате да ја посетите Белорусија за престој од пет дена нема да ви треба виза за влез во земјата.
Минск денес најави укинување на визи за 80 земји. Оваа одлука се однесува за кус престој од пет дена во оваа земја.
И на државјаните на Македонија нема да им треба виза за Белорусија. Помеѓу другите земји се сите членки на ЕУ, Канада, САД , Јапонија, Бразил и Индонезија.
Одлуката се однесува на “стратешките партнери на Белорусија и оние кои вовеле безвизен режим за Белорусија”. Целта е стимулирање на бизнис и туристички патувања.
Белорусија е поранешна советска република која се граничи со Полска и Русија. Во земјата веќе 20 години е на власт Александар Лукашенко кој ги репресираше медиумите и опозицијата. Ова е му петти мандат откако е на власт. Неговата авторитарна политика ја натера ЕУ да воведе санкции кои подоцна во 2015 година беа укинати откако беа пуштени на слобода повеќе политички затвореници.




