Published: Tuesday, January 10, 2017 09:23
Џаред Кушнер, зет на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе биде негов советник, изјави за Си ен ен неименуван претставник на преодниот тим на Трамп.
Трамп в среда ќе одржи прес конференција на која како што се очекува ќе изнесе детали за плановите и ќе одговара на новинарски прашања за својата работа и за судирот на интереси, за односите со Русија и за други прашања.
Се очекува тој да објави дека додека е претседател с неговата компанија ќе управува неговата ќерка Иванка.
Но именувањето на Кушнер би можело да се најде во центарот на скандал за судир на интереси.




