Published: Tuesday, January 10, 2017 09:39
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер денеска го погоди југоистокот на Филипини, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил утрово во 6.13 часот, а е измерен на длабочина од 617 километри под морето.
Според извештајот на Институтот епицентарот е лоциран на 190 километри оддалеченост од градот Табиауан, каде во радиус од 100 километри нема населени места.
Според досега достапните извештаи, нема опаснот од цунами.
Иако мала е веројатноста за жртви и штети, Институтот издаде зелено предупредување за земјотреси.
Генерално населениот во овој регион живее во станбени објекти кои се градени според сите стандарди за отпорност на земјотреси.
Единствена опасност е лизгањето на земјиштето.




