Published: Tuesday, January 10, 2017 15:56
Министерството за правда на Србија поднесе барање до француските правосудни органи за екстрадиција на Рамуш Харадинај, објави Танјуг.
Заедно со барањето испратена е и документација, врз основа на која француските власти ќе одлучуваат дали се исполнети условите за испорачување.
Харадинај минатата среда е уапсен на аеродормот Базел Милуз на француската страна, врз основа на потерница која Србија ја распиша по него во 2004 година и се наоѓа во притвор.
Србија го бара Харадинај поради сомненија дека во 1998 и 1999 година на Косово извршил злосторства кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот Трибунал, од кои правосилно е ослободен.
Се работи за воени злосторства против цивилното население во зоната на одговорност Дукаѓин во 1998 и 1999 година.




