Руските хакери кои се обидувале да упаднат во американските претседателски избори не го хакирале тимот на националната кампања на Доналд Трамп, изјави директорот на ФБИ Џејмс Коми.
Тој пред Одборот за разузнавање на американскиот Сенат рече дека Русите влегле во компјутерите на кампањата на Трамп на локално и на државно ниво, но не и на национално ниво.
-Немаме никакви податоци за такво нешто, изјави Коми, пренесува индекс.хр.
Како што објасни тој, Русите дошле до податоци на Републиканската партија, но дека тоа биле адреси од електорнска пошта кои веќе не биле потребни.
Тој додаде дека биле собрани информации кои биле веќе минати и дека не биле објавени.
Американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија за кампања на поткопување на американскиот изборен процес за да ги зголемат шансите за победа на републиканскиот милијардер Доналд Трамп.




