НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот нема за нови методи, а потрошиле повеќе пари од лани

0
By Менче Атанасова Точи on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравствено осигурување не одобрува средства за експериментално лекување, дијагностицирање на болести и контролни прегледи. Ова е ставот на директорот на Фондот Јован Грповски запрашан дали меѓу пациентите кои бараат да се лекуваат во странство има и болни од карцином.

-Барања на средства за експериментални методи не е во согласност со медицината базирана на докази, изјави Грпоски.

Ова значи дека шанса за живот не може да добие никој кај кој стандардната терапија која се употребува во државата не помогнала. Од овие причини и младата мајка Маја Керова Бабунска не може да се лекува во странство на товар на државата. Кај неа ракот на дојката се проширил на карлицата и коските на десната нога, а промени веќе има и на белите дробови и црниот дроб. Маја воопшто не поднела барање во фондот, веројатно знаејќи ги овие процедури.

Маја Керова – Бабунска е сопруга и мајка на две ќерки, а болеста и е откриена од јуни 2010 година. Заради ваквата дијагноза на оваа млада жена потребно и е лекување во Клиниката на Др.Бурзински во Хјустон која третира пациенти заболени од рак со специјализирана персонализирана терапија базирана на молекуларно профилирање. Резултатите од третманот кој се практикува во клиниката се фасцинантни, а трошоците за лекувањето изнесуваат од 60 -180.000 американски долари.

-Мајка сум на две ќерки, Ели и Надица кои ми се цел свет и заедно со споругот Ѓоко ми е најголема подршка заради што сакам моето лекување да го продолжам во оваа Клиника во Хјустон. Со таа цел го пишувам ова посмо за да ми помогнете да можам да заминам таму. Секоја, па и минимална помош е добредојдена вели во своето писмо кое Маја го објави на социјалните мрежи.

Во Фондот за здравство денеска се пофалија дека пацинтите кои треба да се лекуваат во странство ќе плаќаат само 200 евра без разлика колку и да е голема сумата за лекувањето.

Но, бројот на такви пациенти драстично се намалува во однос на преходните години бидејќи здравствените власти сметаат дека голем дел од овие болести можат да се лекуваат во болниците во државата. Само во првите пет месеци од годинава биле поднесени 93 барања за лекување во странтсво од кои 47 се одборени, 33 се одбиени, а за 13 сеуште не е завршена постапката.

Најмногу одобрувања за лекување во странство имало во 2009-та и 2010-та година од кога бројот рапидно опаѓа. Оваа година најмногу барања имало за очните и кардиохирушките области, а шест за онколошките.

Иако е намален бројот на лекувањата во странство Фондот потрошил повеќе пари во првите пет месеци од ова година, дури осум милиони евра, отколку цела измината година кога биле потрошени шест милони и триста илјади евра за пациенти кои имале потреба да се лекуваат во странство.

Во вакви услови на Маја Керова Бабунска и останува да се надева само на хуманата помош од граѓаните. Нејзините броеви за донација се следните:
– VIP 077 143 702
– T-Mobile 070 143 132
– ONE 075 143 133

Или на девизната сметка:

Маја Керова
Ул. Илинденска 60/13 Кавадарци Македонија
IBAN: MK07210501634288447
SWIFT:TUTNMK22

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.