Илјадниците листови хартија што на прес конференцијата во средата новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги претстави како централен дел на конференцијата, најверојатно биле само празни листови, објави британски Индепендент.
Трамп за прикажаните документи кои беа поставени покрај него тврдеше дека се докази дека во тек е подготовка неговото деловно царство да им го предаде на синовите, што потврдија и неговите адвокати, истајнувајќи дека тоа е начин да се избегне судир на интереси кога ќе стапи на должноста претседател.
Меѓуоа на новинарите не им било дозволено да се доближат до нив и да погледнат барем еден од нив кои биле ставени во папки.
Весникот сепак истакнува дека некои листови не биле скриени и на нив немало ниту знак ниту број на страница, што вообичаено го користат адвокатите при составување на вакви документи.
Хартиите не биле ниту со вообичаена големина, биле печтени на А4 формат, а не на формат кој се користи за правни документи, а самите папки немале ознаки, иако Трамп тврдеше дека секоја од ние претставува по еден бизнис.
Индепендент пишува дека и самата конференција за новинарите била преполна со неговиот персонал кои се смееле и аплаудирале за време на настанот што е невообичаено за прес конференција.





