Published: Friday, January 13, 2017 09:49
Разговорите за обединување на Кипар завршија вчера без договор, а следните ќе се одржат на 18 јануари на кои ќе се зборува за безбедноста.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека се надева оти тогаш ќе бидат вложени последните напори да се решат прашањата.
Лидерите на кипарските Грци и Турција се блиску до договор, но остануваат нерешени клучните прашања, како што е спроведување и гарантирање на конечниот пакт, рече Гутереш.
Според него сепак има охрабрувачки резултати, но предупреди дека не треба да се очекуваат брзи решенија.




