Минатата година некому му остана во сеќавање по смртта на славните личности, некому по политичките преврати и неочекуваните резултати од изборите, а некои ќе ја паметат како година во која загинале нивните најблиски.
Магазинот Форин Полиси издвои десет судири во светот кои ќе ја одбележат 2017 година.
Ирак и Сирија
И оваа година на врвот на листата на најтрагичните војни се Ирак и Сирија. Исламската држава и натаму го шокира светот со невидени ѕверства, а имајќи предвид дека ирачката војска со месеци крваво го плаќа ослободувањето на секој кварт во Мосул, тешко може да се очекува дека ќе се случи нешто „неочекувано“ што би довело до ненадеен мир на Блискиот исток.
Турција
Масакрот на Нова Година е кулминација на годината исполнета со терористички напади во Турција. Во некое друго време обвновувањето на војната со курсдките сепаратисти, почетокот на отворената војна со Исламската држава, неуспешниот обиде за воен удар и неколкуте терористички напади би биле премногу за еден цел континент, а камо ли за една држава. Но сето ова се случи во Турција за само една година. По сето тоа, тешко е да се очекува дека нешто конкретно ќе се промени во оваа година.
Јемен
Уште еден малку подзаборавен судир, кој ретко кога се најде на насловните страници на светските медиуми. Илјадници луѓе загинаа, а најголем број се жртви на саудиските бомбардирања. Од 2015 Јемен е држава во распад бидејќи тогаш се формираа две спротивставени влади, секоја со свои регионални спонзори. Меѓународните посматрачи велат дека најголемите улоги би можеле да ги играат Иранците и Саудијците, бидејќи тие можат да ги натераат завојуваните страни да седнат на преговарачка маса.
Централна Африка
Во Централна АФрика се случуваат неколку помалку или повеќе активни судири, поради кои 4 милиони луѓе станаа бегалци. Неколку исламистички групи се активи околу езерото Чад, а меѓу нив најозлогласената е Боко Харам. Иако нигериската војска со години војува против нив, иако неколку пати објави и дека се уништени, исламистите од африканската внатрешност и натаму се одржуваат во живот и покажуваат знаци на спротивставување.
Демократска Република Конго
Католичката црква во оваа африканска држава вешто диригираше со начелниот соговор за мирна транзиција на власта. Актуелниот претседател Џозеф Кабила најави дека ќе остане на власт и по истекот на вториот мандат колку што му дозволува уставот. Мирни и помалку мирни протести ја одбележаа минатата година, а десетиците мртви само се потсетување дека 2017 може да биде пресудна година, доколку Кабила одлучи да ја задржи власта.
Јужен Судан
Една од најмладите нации во светот, растргната е меѓу граѓанската војна и хроничната сиромаштија. Додека службено од свете страни повикуваат на мир, судирот не покажува знаци на смирување.
ОН распоредија неколку илјади миротворци, фамозните сини шлемови, но и нивниот мандат се покажа неуспешен. Илјадници луѓе се во бегство пред невидените ѕверства, а единствен зрак на надеж е можното приближување и соработка на Судан, Уганда и Јужен Судсан со цел во овој регион конечно да завладее мир.
Авганистан
По повеќе од една деценија американска инвазија и неброени цивилни и воени жртви, Авганистан ни денес нема стабилна влада ниту е блиску до стабилизација на ситуацијата. И додека соседните држави основаат работни групи за борба против тероризмот, официјален Кабул никој ништо не го прашува, па дури ни неговиот творец, Вашингтон нема никакви планови за Авганистан се додека постојат Талибанците.
Мјанмар
Далеку од очите на јавноста, на светот, под будното око на будистичките свештеници се врши прогон и етничко чистење на мјанмарските муслимани. Власта во Мјанмар ја предводи Аунг Сан Су Чи, поранешна дисидентка и добитничка на Нобеловата награда за мир, но локалните власти ги прогонуваат муслиманите за кои велат дека не се добредојдени. Десетици илјади досега избегале, а се појавија и првите паравоени миуслимански единици што би можело дополнително да ја распламти и онака нестабилната југоисточна Азија.
Украина
По речиси три години и десетици илјади изгубени животи, состојбата на истокот на Украина и натаму е напната. Украина и натаму се дави во корупција, а стопанството е во се поголеми проблеми. Украинскиот претседател Виктор Порошенко мака мачи со политичкиот отпор на реформите, а можеби ниту сам веќе нема желба за тоа. Народот е заситен и измачен од војната, на скорешните избори би можел да му се аблагодари за досегашната работа, а уште поголеми проблеми се можни ако дојде со предвремени избори во оваа година, каде проруските партии би можеле да постигнат значителен успех.
Мексико
Откако Доналд Трамп ја најави својата кандидатура за претседател, тој најави и масовни депортации и изградба на ѕид на јужната граница на САД. Доколку новизбраниот американски претседател ги оствари заканите, Мексико би можело да стане држава –случај, која е непосредно до границата со најбогатат држава во светот. Мексико и денес е растргнато меѓу наркокартелите, а некои проценки велат дека во текот на 2015 во Централна Америка се убиени 34.000 луѓе. Колку за споредба, во Авганистан се убиени 15.000 луѓе.







