Двајца неидентификувани мажи денеска сред бел ден во југоисточиот дел на Лондон со меч му ја исекле главата на непознат маж.
Инцидентот се случил во 14 и 20 минути по локално време. Според првичните информации убиениот маж припаѓал на британските вооружени сили, а двајцата напаѓачи, наводно на себе носеле традиционална муслиманска облека.
Полицијата не ја исклучува можноста од терористички напад. По престрелката со полицијата напаѓачите се повредени, а еден од нив е во критична состојба, јави BBC. Мотивите за нападот не се познати, а премиерот Дејвид Камерон го прекинал служениот пат во Париз и се вратил во Лондон.