Тигрестите комарци кои го пренесуваат вирусот Западен Нил преставуваат се поголема опасност за Балканот. Здравствените власти на Хрватска почнаа да предупредуваат на поголема ангажираност на сите земји од регионот за да се спречи инвазијата од овие опасни комарци.
-Овие комарци ги пренесуваат најопасните болести и се огромен проблем на земјите од Балканот изјавил Енрих Мердиќ од Универзитетот во Осијек. Не само болеста Западен Нил овие комарци ја пренесуваат и опасната треска Денга во Италија и Франција.
Хрватските стручњаци предупредуваат дека запрашувањето не е доволно како решение и ги повикуваат Владите да се вклучат во решавањето на овој сериозен проблем. Она што го разликува тигрестиот комарец од обичниот е што е многу отпорен и добро прилагоден на студено време и на суша.
Тигрестите комарци ги има во летниот период, а токму сега започнува нивната инвазија.
Во Македонија минатата година од болеста Западен Нил починаа тројца луѓе, од кои едно 2,5 годишно дете. Болеста која ја пренесуваат тигрестите комарци зарази многу луѓе со опасниот вирус во соседните земји особено во Грција и Србија.