Премиерот на Косово, Хашим Тачи и српскиот премиер Ивица Дачиќ синоќа во Брисел постигнаа согласност за спроведување на договорот Белград-Приштина од 19 април.
Првата дама на европската дипломатија Кетрин Ештон, потврди дека има договор за фиксен текст за кој до петок треба да ја известат дека и владите го прифаќаат.
Од тоа ќе зависи дали во јуни Србија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, а Косово – Договор за стабилизација и асоцијација со Унијата.