Јужнокорејските обвинители побараа апсење на потпретседателот на компанијата Самсунг Ли Је јонг поради давање мито и вмешаност во корупцискиот скандал кој доведе до отповикување на претседателката Парк Геун хје.
Портпаролот на специјалниот обвинител за испитување на овој политички скандал Ли Кју Чул рече дека 48 годишниот потпретседател на најголемата јужнокорејска компанија се сомничи за давање 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил.
Тој за возврат барал да му помогнат да го задржи местото прв човек во компанијата откако неговиот татко и претседател на компанијата повеќе од две години е во болница.
Судот за барањето на Обвинителството ќе се изјасни во среда.
Ли претходно ги отфрли обвинувањата, а Самсунг објави соопштение во кое се вели:
– Тепко е да се согласиме со одлуката на специјалниот обвинител поради тоа што Самсунг не давал парични прилози за да обезбеди корист за себе. Конкретно, тешко е да ги прифатиме аргументите на специјалниот обвинител дека Самсунг упатил непристојни барања во врска со спојувањето на поврзаните компании на Самсунг или со промена на управата. Уверени сме дека судот во овој случај ќе донесе исправна одлука, се истакнува во соопштението на јужнокорејскиот гигант.
Јужнокорејските пратеници минатиот месец ја отповикаа претседателката на државата Парк Геун Хје поради обвинувања дека и овозможила на нејзината советничка и пријателка Чои Су СИл, иако немала официјална функција, да се меша во државните работи и да го користи своето влијание и да ги примора компаниите да донираат милиони долари во двете фондации што ги контролирала.
Чои Су сил е уапсена во ноември.




