Бруталниот напад во Лондон во кој двајца напаѓачи со мачета убија маж, за кого се верува дека е војник, го шокираше цел свет. Британката Ингрид Лоја-Кенет беше доволно храбра и му пријде на напаѓачите кои всушност немале намера да бегаат.
Таа изјавила дека штом го видела телото на човекот на улица, излегла од автобус и започнала разговор со терористите, со цел да спречи други можни убивања.
„Кога им пријдов, тој ми рече дека сака да ја почека полицијата, за да ги убие и нив, раскажува Ингрид, еден од нив ми рече дека сака да започне војна во Лондон. Одоговорив, дека се само двајца и дека ќе загубат.“
Таа најпрво помислила дека станува збор за сообраќајка, но набрзо сватила дека се случил крвав напад. Оваа храбра жена е мајка на две деца и водач на извидниците.
Во изјва за британските медиуми рекла дека воопшто не се уплашила од убијците.
„Подобро јас отколку некое дете“, прокоментирала Ингрид.
Разговорот на храбрата жена со убијците траел дваесетина минути и забележан е со камера. Напаѓачите се уште биле со крвави раце и со ножеви во рацете.
Кога го видела телото на земја, Ингрид излегла од автобус, го проверила пулсот на жртвата и започнала разговор со напаѓачите.