Најмалку 12 луѓе, од кои 11 се припадници на полицијата, загинаа во бомбашки напад врз полициски конвој во околината на пакистанскиот град Квета во провинцијата Белуџистан.
Околу 100 килограми експлозив, скриен во возило до патот, бил кренат во воздух при преминувањето на полицискиот конвој, соопштуваат локалните власти.
Провинцијата се смета за еден од најсиромашните делови на Пакистан, која страда од насилството на Талибанците, сепаратистички бунт и секташки немири.
Повеќето од повредените во нападите се припадници на безбедносните сили.