Со нова обврска кон СЈО заврши и второто подготвително рочиште за случајот Тврдина 2 во која обвинетиот началник на петтата управа на УБК Горан Грујевски и неговите шест колешки се товарат за уништување на службена документација поврзана со опремата за прислушување;
Британската премиерка Тереза Меј порача дека нејзината земја сака чист развод со ЕУ, вклучително и напуштање на заедничкиот пазар;
Рускиот претседател Владимир Путин денеска, на прашањето за односите со новиот американски претседател Доналд Трамп рече дека не го познава лично, и нема причини ниту да го брани ниту да го напаѓа. Вести на НОВА во една минута.