НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов расказ на Томислав Османли за првпат објавен на италијански јазик

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот електронски портал “Bombagiù” деновиве го објави првиот дел од расказот „Малиот Немо во мундирот на Корто“ или „Океан од слики“ од Томислав Османли, објавува Cooltura.

Се работи за до сега необјавен расказ на македонскиот автор кој, по иницијатива и во превод на Билјана Билјановска, за прв пат се објавува, и тоа на италијански јазик.

„Малиот Немо во мундирот на Корто“ е прозна фантазија за возрасни напишана во вид на фантастична авантура во клучот на книжевноста и на стриповите за деца. Во неа главен јунак е Малиот Немо ликот од ингениозниот стрип на Виндзор МекКеј, изполнет со раскошни визуелни фантазии, инаку создаван некаде на почетоците на Деветтата уметност, како и Корто Малтезе митскиот морнар и авантурист создаден од авторот Хуго Прат, инаку омилен јунак на поновите генерации проследувачи на стрипови.

Како што потсетува и Билјановска во кусата авторска биографија за Т. Османли, неговиот расказ „Малиот Немо во мундирот на Корто“ е творба на одличен познавач на стрипот. Тој е имено познат и како автор на првата, и се’ уште единствена, македонска теоретска книга за медиумот и уметноста на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987 и 2002) за која стана лауреат на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика – е своевидна ода, колку на детската фантазија на читателите на стрипови, уште повеќе на стрипот како медиум кој функционира како очуден – океан од слики и соновни фантазии.

По избор од авторот, објавата на неговата прозе во италијанското електронско списание е проследена со бројни глетки од стриповите за малиот Немо и за Корто и неговите епизодни јунаци Распуќин и вуду-волшебничката Златоустата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.