Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во МРТВ ќе се расправа за дисциплинските против новинари

0
By Сашка Цветковска on May 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 23, 2013 15:40

Заменик – претседателот на Советот на МРТВ, универзитетскиот професор Агим Лека вели дека позитивно ќе одговори на барањето на член на Советот за да се одржи седница на која ќе се разгледуваат дисциплинските постапки поведени против повеќе новинари во јавниот сервис, а за кои пишуваше дневниот весник “Вест”. Лека за Нова вели дека деновиве е во жалост, но многу скоро ќе одговори на барањето и ќе закаже седница.

-Го примив барањето и го прочитав, но за жал, во истиот ден примив и една тажна вест за смрт на мој близок и поради тоа овие денови сум во жалост. Но, јас ви гарантирам дека штом закрепнав, веднаш ќе одговорам и ќе одржиме седница, рече Лека за Нова.

Освен ова барање, Советот на МРТВ треба да го разгледува и финансискиот извештај на куќата. Работите доцнат бидејќи претседателот на Советот Слободан Чашуле беше назначен за амбасадор во Шпанија и замина за Мадрид, а заменикот Агим Лека бил на студиски престој во странство, а тие двајца се и единствените кои можат да закажат седница.

Скандалот со поведените дисциплински постапки го објави дневниот весник “Вест”
“Колегите во МРТ тврдат дека неоснованите дисциплински постапки против нив имаат цел да ги замолчат и слепо да ја следат уредувачката политика. Има драконски и неосновани казни на платите до 30 проценти и преместувања од едно на друго работно место, не почитувајќи ја процедурата утврдена со законот, и без никакво образложение. Новинарите мораат секој ден да поднесат извештај како го потрошиле работното време од осум часа, со кого се виделе, што разговарале, за што пишувале и други слични детали”, изјавуваше за “Вест” претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Реагираше и раководството на МРТВ кое иако призна дека постојат дисциплински постапки против новинари, негираа дека тоа се прави од политички притисоци, а го обвинија ЗНМ дека постапувале мотивирани од лични интереси.
-По подолг период МРТ понуди програма атрактивна за гледачите и ја возобнови сопствената продукција. Потади ова не можеме како ништо друго освен како притисок да го протолкуваме атакот од страна на ЗНМ. Сметаме дека Здружението реагира исклучиво поради лични интереси, а не во заштита на новинарските права за кои треба да се грижи, пишуваше во соопштението на МРТВ.
Каков ќе биде исходот од седницата на Советот на МРТВ останува да се види откако заменик претседателот ќе ја закаже и реализира. Во меѓувреме, и Советот за радиодифузија треба да одржи расправа за извештајот на ОБСЕ за работата на јавниот сервис. Според извештајот од мониторингот врз медиумите на ОБСЕ за време на изборната кампања јавниот сервис бил пристрасен во корист на владејачката партија и не обезбедил еднаква застапеност на сите политички субјекти во кампањата.
ки субјекти во кампањата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.