Кристин Лагард денеска одговараше пред Судот на правдата во Париз, за посредувањето во исплатата на 400 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Бернар Тапи, поради неговиот спор околу продажбата на Адидас, јавува Би-Би-Си.
Лагард со насмевка влезе во Судот, а нејзиното сведочење може да трае до утре, а таа се соочува со можно подигнување на обвинение за „ соучесништво во фалсификување и проневера на јавни фондови“.
Лагард не е обвинета дека имала финансиска корист од исплатата, но е под истрага за злоупотреба на државните пари, а таа изјавува дека„ не направила ништо лошо во иницирањето на арбитражната постапка за обештетување на Тапи“.
Контроверзниот Тапи, едно време лежел во затвор за местење натпревари, а во тоа време бил поддржувач на Николас Саркози, која во 93 година ја тужеше банката “Креди Лионе” дека ја продала компанијата “Адидас” на Роберт Лој Драјфус без негово знаење.
Неколку месеци по почетокот на судскиот спор се вмешала Лагард како министерка за финансии во тоа време, која иницирала посредништво.
Банката во тоа време била делумно во рацете на државата.
Лагард одобрила исплата на 285 милиони евра на Тапи од францускиот буџет, со што бил завршен спорот. Сепак, ова испрашување на Лагард се смета како голем срам за неа, пишува Би-Си-Си, додавајќи дека таа е една од најпопуларните политичари на десницата во Франција.
После скандалот на првиот човек на ММФ, Доминик Штрас-Кан, француската јавност сака да види уште еден француски политичар како е посрамотен во светски рамки, вели дописникот на Би-Би-Си од Париз, Кристијан Фрејзер.