Министерството за одбрана на Велика Британија објави слика од убиениот војник во вчерашниот напад во Лондон. Станува збор за Драмер Ли Ригби, припадник на вториот баталјон на Кралската гарда.
Идентификуван е и еден од двајцата осомничени кои се застрелани и уапсени од полицијата- се работи за Мајкл Адеболаџо од Нигерија. Уште двајца се уапсени, под сомнение дека се поврзани со убиството, маж и жена, стари 29 години.