https://www.youtube.com/watch?v=c51lyROXNI8
Најмалку 30 пожарникари загинаа денеска, а 75 луѓе се повредени откако во центарот на Техеран се урна една од најстарите повеќекатници во која претходно избил пожар, јавија иранските државни медиуми.
Локалната иранска телевизија објави дека 30 од повредените се цивили, а агенцијата ИРНА дека 45 се пожарникари. Пожарникарите со часови се обидувале да го изгаснат пожарот, а полицијата ги блокирала приодите.
Според владин претставник, под урнатините најверојатно има најмалку стотина луѓе.
Повеќекатницата која имаше 17 ката е изградена во 60 тите години од минатиот век и во неа се наоѓаа трговски центри и продавници кои биле евакиурани веднаш по пожарот.
Во близина се наоѓаат амбасадите на Турција и Велика Британија кои веднаш се евакуирани.
Причината за пожарот не е позната.




