Еден од најпознатите мексикански нарко босoви Хоакин „Ел Чапо“ Гузман вчера е екстрадиран од северно Мексико во САД, ден пред денешната инаугурацијата на Доналд Трамп за нов американски претседател.
Повикувајќи се на извори од мексиканската Влада Ројтерс пренесува дека Ел Чапо е упатен во Њујорк.
– Владата го предаде господинот Гузман на властите во САД, се вели во соопштението од мексиканското Министество за надворешни работи, при тшо с ебаведува дека се одбиени сите обиде на неговиот адвокати да се спречи екстрадицијата.
-Добро е тој конечно да биде испратен на американска страна, изјави неименуван претставник на американската полиција кој се наоѓа во Мексико.
Гузман беше на листата на најбарани водачи на нарко криминалот се до апсењето во јануари минатата година. Шест месеци пред тоа побегна од добро обезбеден затвор во централниот дел на Мексико со тоа то успеал да помине низ тунел долг над 1,6 километри.




