Доналд Трамп денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на една од најмоќните змеји во светот, а со тоа добива и големи овастувања.
Трамп ќе биде единствениот кој ќе има пристап до тајните кодови за активирање на нуклеарното оружје, а во случај на војна тој командува со војската.
Ова е накусо, што Трамп смее, а што не е во негова надлежност.
Може:
– тој е единствениот што ќе ги има кодовите за активирање на нуклеарното оружје;
-склучува договори со странски влади кои ги одобрува Сенатот;
-потпишува закони или става вето;
-ги спроведува законите што ги носи Конгресот;
-тој е врховен командат на американските сили во војна;
-ги активира трупите во заштта на нацијата од напади;
-дава предлози кои можат да се преточат во закони;
-прима странски државници;
-признава странски држави;
-помилува;
-номинира членови на Кабинетот, на Врховниот суд и други високи функционери со одобрение на Сенатот;
-именува амбасадори;
-директно разговара со граѓаните за проблемите;
-ги претставува интересита на целата нација.
Не може:
– да носи закони, да одлучува за трошење на федералните пари;
– да толкува закони;
– да објавува војна без согласност на Конгресот.




