Стокхолм веќе петта ноќ по ред се соочува со немири, во која двајца полицајци се повредени, гореа автомобили и осум луѓе се приведени поради инцидентите.
Најмалку девет автомобили изгореа, а во две училишта и една полициска станица бил подметнат пожар во петтата ноќ по ред немири во сиромашните предградија на Стокхолм, населени претежно со странци.
Немирите се случуваат во квартови каде живее сиромашно население.
Немирите во стокхолмската населба Хусби започнаа во неделата кога 40-ина млади почнале да палат автомобили и да фрлаат камења кон полицијата.
Како причина за избувнување на немирите се наведува убиството на еден 69-годишен маж во Хусби, минатиот понеделник. Вината се префрла и врз полицајците, кои погрдно ги ословувале младите насилници како „мајмуни, црнци“.