НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подземното царство на Груевски и Иванов

0
By Биљана Секуловска on January 21, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време на претседателствувањето на Ричард Никсон, во Вашингтон со години кружела една саркастична шега. Оди вака: Замислете што би се случило да умре Кисинџер. Тогаш Ричард Никсон ќе стане претседател на САД.

Конечно, Кисинџер е човекот за кој е изграден фасцинантен култ, оние кои му се восхитуваа и оние кои го презираа се согласуваат во едно- светот никогаш не бил едноставна сложувалка, но со појавата на Кисинџер, нашата судбина зависеше проклето многу од овој Харвардски студент, со дипломска теза за Кант.

Видете само како Оријана Фалачи го опишува  Кисинџер, како вовед во нивното ужасно по многу перипетии интервју (за што говори и самата Фалачи, дефинирајќи го како апсурдно, додека Кисинџер подоцна ќе рече дека согласноста да даде интервју за неа е најглупавата работа во неговиот живот) : Во мода беше… неговото лицемерно однесување на наивец, кој го открил уживањето.

Пресликајте ја оваа ситуација со циничната ситуација за ненадејната смрт на Кисинџер во македонски услови, колку и да изгледа дилетантска споредбата помеѓу Груевски и Кисинџер, секако и помеѓу Иванов и Никсон.

Во погребната, политичка церемонија на Иванов недостасува уште еден неверојатен детал, за да стане уште поспектакуларна самата криза- негова драматична оставка. За оваа оставка веќе со месеци се шпекулира, но сега распламтува оваа дебата, особено во бруењето на социјалните мрежи, кои се вистинско демократско менгеме за политичката елита.

Евентуалната неможност Груевски да создаде коалиција со Ахмети, сепак, на лидерот на ВМРО не му остава стеснет, туку комотен празен простор да ја оневозможи евентуалната коалиција на албанскиот лидер со Заев.

Тоа може да го стори само со иницирање на нова политичка криза, отварајќи ги широко вратите за одамна констатираната, по многу нешта гласна политичка смрт на Иванов. Но, сега е време да се запечати ковчегот и да се потпише некрологот, филигрански извезен лично од самиот негов творец, Груевски.

Друга разврска навистина и не може да се наѕре, ако се појде од единствениот логичен след, анализирајќи го целокупното владеење на Груевски и последиците кои ги остави зад себе. Секако дека Груевски никогаш не би го предал мандатот на Заев ладнокрвно и без објавување на нова тешкоартилериска војна. Што би му преостанало во оваа неподнослива ситуација на сигурна иднина во судските лавиринти, кои овој пат не се кафкијански, туку трасирани од СЈО, освен преку претседателската оставка, да обезбеди нови избори, многу повешто подземно организирани.

Низ поширока призма, погледнете го светот од денеска, со новиот американски претседател. Само некој ден пред инаугурацијата, Трамп за германски Билд изјави дека разговарал телефонски со претседателот на Европската комисија, Жан Клод-Јункер, после што самиот Јункер го демантираше, објаснувајќи му и нему и на светската јавност дека станува збор за разговор со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Јункер, познат по суптилниот цинизам, додаде: “Тоа е работата околу надворешната политика. Се е во деталите.”

Но, тука се не завршува- во истата таа изјава на Јункер, тој протестира за уште еден став на Трамп даден во интервјуто, одговарајќи на прашањето за иднината на ЕУ. Додека Трамп вели: “Верувам дека и останатите земји ќе ја напуштат ЕУ” (како Британија што го стори тоа), а за воврат Јункер го подига тонот и му возвраќа- “Ние не одиме наоколу повикувајќи го Охајо да излезе од САД”.

Aко се отворат очите, веројатно треба внимателно да се слушне Индира Ганди, а која Кисинџер воопшто не ја ценел, но да се слушне е вредно што има изјавено: “Интелигенцијата не е потребна за да се стане шеф на држава. Силата е особина која се цени кај шефовите на држави. Храброст, лукавост и сила”.

Но, иако со потсмев говорел за Ганди, Кисинџер сепак со неа се согласува околу ова прашање: “Интелигенцијата не е важна во власта, а често, просто е и непотребна. За човек кој се бави со мојата работа, еднакво како и шеф на држава, не е потребно да биде премногу интелигентен. Мојата теза е поинаква, но нема да ви ја кажам”.  Многу децении подоцна, преку подземните игри на Груевски и Иванов (не само преку нив, се разбира), светот дозна што Кисинџер не сакал да каже.

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.