Парламент усвои закон за забрана на рекламирање и рестрикции при продажбата на алкохолот.
Според законот, од 22 навечер до 6 часот наутро ќе биде забранета продажбата на алкохолот.
Заострени се и казните и за возењето под дејство на алкохол.
Владејачката Партија на Правдата и Развојот, како предлагач на законот соопшти дека целта е да се заштити општеството и пред се младите, од штетното влијание на алкохолот.
На овај Закон се противат секуларистите, кои сметаат дека владеачката партија полека ги наметнува исламските закони. За да влезе во сила овој Закон треба да биде потпишан од претседателот на државата.