Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескалира ситуацијата во Стокхолм

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 24, 2013 18:14

Велика Британија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Стокхолм, по пет вечери немири што се случуваат таму, а САД ги замолува своите граѓани да не се приближуваат до предградијата каде има немири.

„Дури и демонстрантите да личат дека се мирни постои можност да преминат кон насилства, а ситуацијата да ескалира”, се вели во електронската порака испратена до Американците кои живеат во Стокхолм, од американската амбасада.

Во мејлот се замолуваат Американците да ги избегнуваат населбите, Хусби, Тенста, Шиста, Ринкеби и Фитја.

И Велика Британија издаде предупредување, во кое се вели: „Треба да избегнувате поголеми собирања, внимавајте и гледајте локални вести. Има немири во приградските немири во Стокхолм секоја вечер од 19 мај. Населби кои до сега се зафатени со немири се Хусби, Хагсотра, Рогсвед, Скогос”.

Најмалку две училишта, полициска станица и 15 автомобили беа запалени во Стокхолм во четврток вечерта, откако немирите во шведскиот главен град продолжија петта вечер по ред.

Во Ринкеби, населба со доминантно емигрантско население пожарникарите морале да гасат шест автомобили кои биле паркирани еден до друг, а биле запалени.

Продолжениот вандализам ги иритира локалните жители, а стотици се собраа за да ја изразат својата фрустрација.

„Луѓето се бесни, мислат дека Ринкеби е подобро место од ова деновиве”, вели фотограф за агенцијата ТТ.

Осуммина биле приведени во Елфсјо, а уште четворица други во Норсборг.

Пожарникарите јавија дека едно училиште во Тенста е запалено, но брзо било изгасено, а друго во населбата Шиста, пренесува Макфакс.

„Ова ме прави многу лут. Дали работите ќе се подобрат ако се палат училишта?”, вели жител на Ширка татко на две деца, кои одат во училиште.

Автомобили биле запалени и во Солентуна, додека запален автомобил во Јордбро, предизвикал пожар на трговски центар, пред да биде ставен под контрола.

Според портпаролот, на полицијата и’ се чини дека ситуацијата се потсмирува, затоа што многу волонтери се јавиле да дежураат и да јават ако се случува нешто.

Немирите почнаа поради тоа што полицијата убие еден 69-годишен маж кој им се закануваше со мачета, а луѓето мислат дека токму поради тоа, не се сите исти во Шведска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.