Maкедонија е најрелигиозната земја во Европа, покажува истражувањето на Галуп за 2012 година, со 90% од населението кое се изјаснило како религиозно, 6 % не се религиозни а само 1% се атеисти. Истражувањето исто така укажува дека религијата е многу поприсутна во неразвиените и сиромашни земји.
Балканот е еден од регионите со најмногу религиозни и најмал број на атеисти во светот- само околу четири отсто од жителите.
Најмногу атеисти во Европа има во Чешка, каде околу 50 проценти од жителите се сметаат за атеисти. Од останатите земји, атеисти се сметаат 30 проценти од Французите, 20 отсто од Германците и Американците и околу 10 проценти од Русите. Атеисти се сметаат околу 13 проценти од вкупната светска популација.
Најголем број на атеисти има во Кина- 47 отсто и во Јапонија, 31 отсто од населението, додека во Саудиска Арабија околу пет проценти од населението се атеисти.
Најрелигиозни во светот се жителите на Авганистан, Ирак, Гана, Нигерија и Ерменија, каде девет од десет лица се сметаат за религиозни.
Во истражувањето на Галуп за 2012 година за нивото на религиозност во светот, учествуваа 50.000 лица од 40 држави.
(Фото: Утрински весник)