Поранешниот комунистички лидер, кој владееше цели 22 години во Русија, Леонид Илич Брежнев (1964 -1982), чија епоха руската историја презриво ја смета и дефинира како време на застој или дури и повеќе драстично, како “ера на пустелијата”, Русите, во една студија на рускиот социолошки институт “Левада центар” за најпозитивен го избраа како најпозитивен руски претседател на 20-от век, јавува “Јутарњи лист”. За него се изјасниле позитивно 56%, додека 29% негативно.
Михаил Горбачов, таткото на перестројка и гласност прогласен е за најмалку омилен руски лидер- 66% позитивно, 21% позитивно.
Зад Брежњев е лидерот на болшевичката Октомвриска револуција лидер Владимир Ленин (55% позитивни и 28%) а трет е Јосиф Сталин за чиј карактер и (не) дела се дебатира се уште во во рамките на руското општество со 50% за и 38 % против.
Зад Горбачов (единствениот жив лидер на Рускиот 20-ти век), најлоши оценки доби првиот пост-комунистички претседател на Русија Борис Елцин, кој , порано го почитуваа “кимилсунговски”- со 64% негативни и 22% позитивни гласови.
.
Социологот Јан Рачински ваквите одговори не ги се смета за изненадување, бидејќи “луѓето oценувале мит а не реални фигури и нивниот придонес”. Тие се израз на “емотивна врска”, а не на “историската стварност”, бидејќи овие одговори на рускиот народ покажуваат недостаток на историски размислување, искуство и познавање на Русите, и односот кон одредени личности обележан е со само еден или два детали за време на нивното владеење. Се работи за целосно игнорирање на контекстот и исклучиво гледање на лидерите од сегашното, а не тогашното искуство.