Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир, синоќа околу 22 часот излезе од притворот во Мостар кој му беше одреден откако на 26-ти април беше приведен поради корупција, потврди за локалните медиуми неговиот адвокат Рахиб Хаџиќ.
Будимир изјави дека ќе продолжи да ја извршува својата функција, јавува Макфакс.
Пред затворот во Мостар, каде мина дваесетина дена откако беше уапсен во аферата за примање пари за помилувања заедно со негови соработници, Живко Будимир го пречекала сопругата и педесетина партиски приврзаници, но и многу новинарски екипи коишто се собраа во исчекување откако Уставниот суд на БиХ му наложи на Судот на БиХ да го ослободи од притвор претседателот на Федерацијата.
„Одбил да ги коментира наводите од истрагата и порача дека ќе продолжи да работи како претседател на Федерацијата БиХ.
Државното обвинителство на Федерацијата БиХ го товари претседателот Живко Будимир дека примал мито за помилувања на криминалци, за што се осомничени и поголем број лица кои исто така беа уапсени во акцијата на државната полициска агенција