Фондациите кои ги поддржува американскиот милијардер и инвеститор Џорџ Сорос немаат причина за страв и од нив се очекува само да ги следат правилата на транспарентност, изјави заменикот претседател на владејачката партија во Унгарија Фидес Гергељ Гуљаш.
Тој во интервју за АТВ рече дека оние невладини организации кои не ги пријавуваат финансиите нема да можат да постојат во Унгарија.
Ова е всушност одговор на Гуљаш на изјавата на Сорос на Светскиот економски форум во Давос дека заканите на унгарската влада на невладините организации е во спротивност со обврските и вредностите на ЕУ и владеењето на правото.
Ваквите закани дојдоа неодамна од другиот потпретседател на партијата Силард Немет, кој најави затворање на сите невладини органзиации финансирани од Сорос.




