Британскиот парламент мора да гласа за тоа дали Владата може да го започне процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ, одлучи Врховниот суд.
Во одлуката што пред малку беше соопштена се наведува дека премиерката Тереза Меј не може да започне разговори со ЕУ се додека пратениците не и дадат зелено светло, а одлуката се очекува да биде во дадениот рок до 31 март.
Според поддржувачите на оваа одлука, игрнорирањето на гласот на Парламентот е недемократско.
Владата пак од почетокот тврди дека има моќ да започне разговири, без да го консултира Парламентот.
Судиите со осум гласа против и три за се изјаснија за овој предлог на министрите.
Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека „Британците гласале за напуштање на ЕУ и владата ќе ја исполни нивната пресуда, активирајќи го членот 50, како што беше и планирано до крајот на март. Денешната одлука нема да го промени тоа“.




