Посмртните останки на семејството Караџорџевиќ се испратени од Дворската капела во Соборната црква, во Белград.
Тридневната церемонија на погребување на посмртните останки започна вчера со литургија во Бели двор. После поменот на крал Петар II, на кралиците Александра и Марија и кралскиот наследник Андреј во капелата Свети Андреја Првоповикан, нивните посмртни остакни се пренесени во Соборната црква, каде граѓаните им оддадоа почит.
На литургијата и поменот присуствуваше принцот Александар II и неговата сопруга принцезата Катарина, принцот Владимир и принцезата Бригита, принцот Џорџе и Михајло и принцезата Јелисавета Караџорџевиќ, а на поменот служеше митрополитот црногорско – приморски Амфилохије.
– Кралот Петар II, и кралиците Александра и Марија, кралскиот наследник Андреј се вратија за да се соединат со правот на самиот Караџорџе, основополжникот на оваа витешка, чесна, возвишена лоза. Лозата која е втаена со секое српско битие, рече владиката Амфилохије.
Принцот Александар рече дека е ова голем ден на кој членовите на кралското семејство чекале со години, па затоа чувствата им се измешани.
– Емотивен сум, а во истовреме и многу тажен, но и возбуден и среќен. Благодарност до претседателот Николиќ, нашата влада и комисијата за враќање на посмртните останки на членовите на семејството во семејната крипта на црквата Свети Џорџе на Опленац, рече тој.
Телата денеска ќе бидат пренесени на Опленац, а погребот ќе биде извршен во недела.