Published: Wednesday, January 25, 2017 09:47
Папата Франциско ги повика медиумите, во време на лажни вести и алтернативни факти да известуваат не само вистинито, туку и да пишуваат за добри работи.
Тој апелираше до медиумите да пишуваат позитивни приказни кои ќе ја поттикнуваат надежта, а не само да се фокусираат на лоши вести и скандали.
Папата потенцираше дека не бара од новинарите да ја игноритраат трагедијата на човечкото страдање, или да затвораат очи пред злото, но дека постојаното пишување лоши вести доведува до апатија и разочарувања.
Папата Франциско и претходно имаше тензични односи со медиумите во родната Аргентина и отворено ги критикуваше.




