Published: Wednesday, January 25, 2017 13:44
Британската премиерка Тереза Меј денеска во Парламентот соопшти дека Владата ќе објави нацрт план за Брегзит, во кој ќе се содржат деталите за тоа како ќе се одвива процесот на излез од ЕУ.
Таа беше критикувана дека се уште не ја презентирала визијата за Брегзит.
-Можам да потврдам дека планот ќе му биде претатвен на Парламентот, рече Меј, одговарајќи на прашања.
Таа истакна дека нацртот ќе биде посебен документ од законот кој би требало да биде претставен неделава и со кој би се активирал членот 50, што е формален процес за напуштање на Унијата.
Според одлуката на Врховниот суд вчера, Парламентот, а не Владата ќе одлучува за почетокот на Брегзит.




