НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во знак на сеќавање се слави југословенскиот Ден на младоста

0
By Нова ТВ on May 25, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ширум некогашна Југославија во знак на сеќавање, почитувачите, денеска, го одбележуваат Денот на младоста, ден на роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.

Централната манифестација секогаш се одржуваше на тогашниот стадион ЈНА во Белград, каде пионерите, младинците и припадниците на сите родови на војската и морнарицата изведуваа слет, а на Тито му беше врачувана штафета која секоја година поѓаше од друго место во Југославија.

Инаку носењето на штафетата траеше цели 42 години, од 1945 до 1987 година, според идеја на младината од Крагуевац. Одделенијата за спорт и фискултура ги осмислуваа масовните младински штафетни трчања ширум Југославија.

Првата штафета на младоста појде од Кумровец, родниот град на Тито, а потоа секоја следна година таа поѓаше од друг град и друга република.

Последниот слет на стадионот ЈНА, за време на животот на Тито беше одржан на 25 мај 1979 година.

И оваа година, традиционално гробот на Тито во Белата куќа во Белград ќе го посетат голем број почитувачи на неговиот лик и дело, како и Музејот на историјата на Југославија, кој се наоѓа во состав на тој меморијален комплекс.

Во Кумровец, во хрватско Загорје, ќе биде одржана традиционалната прослава за Денот на младоста, под слоганот „Во младоста е радоста – во радоста е младоста“.

И во градови ширум Босна и Херцеговина Денот на младоста се одбележува со манифестации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.