Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ја откажа планираната посета на Вашингтон.
“Утринава ја информирав Белата куќа дека нема да присуствувам на работниот состанок планиран за вторник со @Potus», напишта Пења Нието на Твитер.
@Potus е името на Твитер профилот на американскиот претседател, кратенка од англиското President of the United States of America.
Трамп денес изјави отворено дека ќе биде подобро да се откаже закажана средба со мексиканскиот претседател кон крајот на овој месец ако и тој понатаму одбива да плати за ѕидот на границата, за кој Трамп потпиша наредба вчера.
Оваа реакција на Трамп дојде откако мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието рече – повторно – во средата дека неговата земја “нема да плаќа за каков било ѕид”. Трамп на Твитер соопшти дека треба само да ја прескокнат планираната средба на 31 јануари во Белата куќа.
“Ако Мексико не е подготвен да плати за многу потребниот ѕид, тогаш ќе биде подобро да се откаже од претстојниот состанок,” Трамп напиша на Твитер и во претходниот твит тој го истакна трговскиот дефицит на САД со Мексико и како што рече, американското губењето работни места предизвикани од НАФТА.
“Мексико не верува во ѕидовите. Сум рекол еднаш, Мексико нема да плаќа за каков било ѕид”, рече тој во видео изјавата испратена на Твитер со превод од шпански страна на CNN.




