Руската полиција уапси најмалку 30 активисти во центарот на Москва денеска на собир, односно протест за геј правата со цел да се одбележи 20 години од декриминализацијата на хомосексуалноста,но и да се искаже протест против најавата за нов закон кој предвидува 500.000 рубљи казна (10.500 фунти) за промовирање на хомосексуалноста меѓу малолетници.
Дописникот од Москва за британскиот весник Гардијан јавува дека инцидентите почнале кога активистите се обиделе да постават банер во боите на виножитото пред Долниот дом во парламентот во Русија. Тогаш ги нападнала друга група контрапротестанти – православни христијански верници кои на себе имале крстови, икони и други верски обележја, а биле дојдени да го спречат митингот на геј активистите.
Полицијата во Москва не дала дозвола да се одржи овој мирен протест и веднаш почнале со апсења, а биле приведени и лица од другиот табор, односно православните христијани.
Полицијата патролирала со мегафони преку кои се слушале зборовите “Вашиот митинг не се санкционира, но вие го попречувате движењето на другите”, а веднаш од другата страна стоеле подготвени полициски специјални возила со кафези. Ова е осма година по ред како московските власти не даваат дозвола за одржување на ваков протест.
Повеќе од две децении по падот на Советскиот Сојуз, Русија останува длабоко конзервативни и независни анкети за јавното мислење покажуваат дека околу три-четвртини од населението поддршка потиснување на јавно искажување на хомосексуалноста.