Баерн ја освои Лигата на шампионите- во големото германско финале на Вембли, пред околу 90 илјади навивачи, Баерн со головите на Манџукиќ и Робен ја совлада Борусија со 2:1.
Претходно, додека целиот свет го очекуваше почетокот на овогодинешното финале во Лигата на шампиони, навивачите на Баерн и Борусија веднаш по пристигнувањето во Лондон предизвикаа инциденти.