Српскиот премиер Ивица Дачиќ најави дека пред оддржувањето на денешната поладневна владина седница, телефонски ќе разговара со со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која е посредник меѓу Белград и Приштина, со цел да добие потврда околу неколку спорни прашања.
-Важно е да се потврди дека овие разговори се статусно неутрални, дека тие не прејудицираат некој иден статус, туку дека ќе ги продолжиме разговорите со претставниците на меѓународната заедница. Се договорив да се слушнам телефонски со Кетрин Ештон пред евентуалната седница на влада, тако што ќе имаме разјаснето некои спорни прашања, образложи Дачиќ за српските медиуми.
Потпретседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ смета дека од клучно значење е за Србите на Косово да се добијат уште некои гаранции околу клучните прашања поврзани со имплементацијата на Бриселскиот договор.