Под Војводина се наоѓа „панонско море“ од гас, кое според реалните проценки е вредно неколку милијарди долари, но најголем проблем досега беше тоа како гасот да извади, јавува интернет порталот Б92.
Сепак, наскоро и овој проблем ќе биде решен, пишува порталот.
Србија е енергетски зависна земја, особено кога станува збор за природниот гас, бидејќи околу 90 проценти од потребниот гас се увезува од Русија.
Дали новата технологија на дупчење, како и зголемувањето на инвестициите во истражувањето ќе донесат резултат, се уште е рано да се каже.
До сега во Војводина се избушени две дупки со мал дијаметар, во близина на Зрењанин, со што се потврдени очекувањата на истражувачите – во студијата за еден од бунарите е потвредно постоење на гас.
До крајот на 2016 се очекува отворањена на нови 25 бунари.