Со свирежи и извици „Предавство, предавство“, !Уа го сакаме Кралот!“, граѓаните кои присуствуваа на погребението на посмртните останки на четворицата членови на семејството Караѓорѓевиќ, ги попречуваа премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и претседателот Томислав Николиќ да ги прочитаат своите обраќања.
Инцидентот се случи вчера пред црквата „Свети Ѓорѓе“ на Опленац, во градот Топола.
„Активистите со извиците предавници и со свирежите јасно им ставија до знаење на предавниците на Косово и Метохија дека не им е место меѓу српските великани и што ќе им се случи кога и да се појават меѓу народот“, соопшти ултра десничарската организација СНП „Наши“.
Неуспешен беше и обидот на претседателот Николиќ да ги смири луѓето, кој прекинувајќи го својот говор им рече: „Смирете се пред црква сме“.