Последниот лидер на СССР Михаил Горбачов во текст во магазинот Тајм оценува дека светот, очигледно се подготвува за нова војна.
Тој пишува дека најголем од бројните проблеми кои постојат во светот е милитаризацијата на политиката и новата трка во вооружување.
– Политичарите и воените лидерите звучат се по ратоборно, а нивните одбранбени доктирни се се поопасни. Телевизиските коментатори и јавните личности се приклучуваат кон тој работоборен хор. Изгледа дека светот се подготвува за војна, напиша Горбачов.
Поранешниот лидер на СССР нагласува дека тероризмот требало да биде прв приоритет, а фокусот да биде на спречување на војна и запирање на трката во вооружување.
Горбачов го повика Советот за безбедност на Он да усвои резолуција во која ќе стои дека „нуклеарната војна е неприфатлива и дека не смее никогаш да почне“, нагласувајќи дека рускиот и американскиот претседател би требало да ја поддржат.
-Луѓето кои треба да ја протуркаат таа резолуција се претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин, кои заедно контролираат 90 отсто од светското нуклаерно вооружување, пишува Горбачов.
Михаил Горбачов, кој во 80 тите години се залагаше за денуклеаризација, предупреди дека оружјето за масовно уништување сега станало многу поевтино и подостапно.
-Сега е многу едноставно да се најдат пари за софистицирано оружје кое има разорна моќ. Таа моќ може а се спореди со оружјето за масовно уништување. Ќе го посочам примерот на подморниците кои се способни да уништат половина континент, пишува поранешниот лидер на СССР.
Горбачов, кој го водеше Советскиот сојуз од 1985 година до неговото распаѓање во 1991 година, вели дека проблемот што го посочува бара најитно решение и предупредува дека е дошол момент за делување, бидејќи НАТО и Русија се повеќе се приближуваат во вооружувањето.




