Околу пет илјади поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК) протестираа денска во Приштина поради тоа што мисијата на Европската унија за воспоставување на владеењето на правото на Косово – Еулекс, уапси седум нивни соборци осомничени за воено злосторство во текот на српско-косовскиот судир, јавува Макфакс.
Седум поранешни припадници на УЧК, меѓу кои се и Сулејман Селими, амбасадор на Косово во Албанија и Са,и Луштаку, градоначалник на Србица и челника на Демократската партија на Косово (PDK) на премиерот Хашим Тачи, беа уапсени во четвртокот и во петокот и им е одреден домашен притвор во траење од 30 дена.
Демонстрантите носејќи ги фотографиите на седумтемина осомничени, мирно продефилираа низ центарот на Приштина, а потоа се собраа пред зградата на косовската влада. Владата на Тачи во понеделникот повторно не одговори каква е иднината на дипломатската кариера на Сулејман Селими.
„Еулекс сака да ја извалка честа на оние кои најмногу се истакнаа во нашата борба за слободата”, изјави пред демонстрантите Смаил Елези, челник на здружението на ветераните во Приштина
„Итно бараме од косовските власти да му ги одземе извршните овластувања на Еулекс”, рече пред мноштвото Џавит Јашари. Тој се закани дека Еулекс „ќе биде оговорен за евентуалното влошување на ситуацијата”.
Овие седуммина се осомничени дека се извршител на воени злосторства над цивили во логорот на ОВК во Ликовац, близу Србица, во текот на судирот на Косов од 1998/1999 година.