Со само неколку брзи потписи од пенкало, претседателот на САД, Доналд Трамп засега привремено забрани влез за 134 милиони луѓе во САД, пренесе CNN.
Трамп им забрани на седум земји со мнозински муслиманско население да влезат во САД барем во следните 90 дена, со наредба која најверојатно е само прв чекор кон етаблирање поширока забрана.
Нејасно е уште колку земји ќе бидат додадени на листата, но најавите се дека администрацијата ќе биде „многу агресивна“, што значи дека веројатно ќе следи забрана и за други земји, пишува CNN.
Тој во интервју претходно изјави дека САД ќе им дава предност на бегалци – христијани, над другите луѓе кои бараат да влезат во земјата.
Од Белата куќа велат дека главната задача на контроверзната одлука е да се „одржи Америка безбедна“.
Наредбата им забрани влез во САД на луѓето од Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен или на дури 134 милиони луѓе, според податоците на Светска банка за 2013 година.