Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се сретна со актерката Линзди Лохан и Бана Алабед, седумгодишното девојче од Сирија кое го привлече светското внимание преку твитање за животот во воено Алепо.
Алабед, која живее во Турција откако беше евакуирана од Алепо на 19 декември, твитна видео со Лохан, со твит кој гласи „видете со кого сум, имам нова пријателка, Линдзи Лохан“.
look who I am with…. I have a new friend Lindsay Lohan @lindsaylohan https://t.co/AdAsjmiDBd
— Bana Alabed (@AlabedBana) January 27, 2017
Во видеото, Лохан порачува: „ Сакам да испратам порака до сите луѓе во Сирија и Алепо и сите кои страдаат како бегалци, ние сме тука да ве поддржиме. Издржете и бидете силни како Бана, ние испраќаме многу љубов и благослови“.
Алабед потоа и вели на Лохан „Те сакам“ по што Лохан и одговара „И јас те сакам“.
Средбата доаѓа во време кога Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ со кој на неодредено време го суспендира влезот во државата за сириски бегалци и го лимитира влезот на други бегалци во земјата.
Наредбата им забранува на луѓето од седум земји да влезат во САД најмалку во следните 90 дена. Земјите кои ќе бидат на удар се Иран, Ирак, Сирија, Судан, Либија, Јемен и Сомалија.
„Објавувам дека влезот на луѓе од Сирија како бегалци е штетен за интересите на САД и го суспендирам нивниот влез“, пишува во наредбата потпишана од Трамп.