Доналд Трамп утринава преку Твитер, неговото омилено место за комуникација, им се нафрли на новинарите. Во три “твита” еден по друг првиот човек на најголемата светска сила во 8 часот изутрина ги нарече новинарите “нечесни”. Нападот овој пат беше насочен кон Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост.
Ова не е прв пат Трамп да го употребува зборот “нечесен” за новинарите. Тој тоа го правеше во текот на целата изборна кампања а и потоа за време на транзицијата и откако влезе во Белата куќа.
Но овој пат очигледно бил понервозен од порано бидејќи во неговите “твитови” има печатни грешки.
Така во првиот “твит” Трамп смета дека Њујорк Тајмс е медиум кон паѓа и “за мене не бил во право од самиот почеток”, весникот рекол дека Трамп ќе загуби и на републиканските и на федералните избори. “Твитот” завршува со “ЛАЖНИ ВЕСТИ” со големи букви кои сведочат за нервозата на авторот.
Потоа во вториот “твит” Трамп продолжува со своето објаснување на “нечесноста” на новинарите и вели дека покривањето на настаните поврзани со него на @nytimes и @washingtonpost било лажно и луто.
Во последниот утрински “твит” Трамп додава дека тие од самиот почеток не го разбрале и се уште не го смениле ставот и нема никогаш да го сменат. И завршува со зборот “НЕЧЕСНИ” со големи букви за да ја акцентира својата лутина на новинарите.







